Руската паравоена група „Вагнер“ го отвори својот прв штаб во Санкт Петербург, објави агенцијата Франс прес на местото на настанот.
На отворањето на голема деловна зграда од челик и стакло присуствуваа ветерани во воени униформи и млади професионалци од областа на технологијата и културата, но Пригожин не присуствуваше на настанот.
Камион со симболот „З“ што го користат руските сили во Украина бил паркиран пред зградата.
Евгениј Пригожин, кој неодамна потврди дека ја основал таа група, на веб-страницата на неговата компанија Конкорд најави отворање на седиштето на Денот на националното единство.
Пригожин рече дека членовите на таа група се распоредени во земјите од Латинска Америка, Африка и Украина.
Пригожин, кој неодамна потврди дека ја основал таа паравоена формација, е санкциониран од САД и ЕУ и е баран од американското ФБИ за наводно мешање во претседателските избори во 2016 година.