Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека рано утринава напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.
„Утринава, како резултат на напади со беспилотни летала, имаше помали оштетувања на неколку згради“, напиша Собјанин на својот Телеграм канал.
Тој истакна дека засега нема повредени, и дека сите служби за итна помош се на лице место и се истражуваат околностите на инцидентот.
Наводно, оштетени се фасадите на зградата и стаклото.
Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека биле соборени неколку дронови
Според него, противвоздушната одбрана била активна во Под-Москва и биле соборени неколку дронови на приодот кон Москва. Воробјов побара од граѓаните да останат смирени.