путин

Над 200 артикли се вклучени во листата на забрани за извоз.

Руската влада денеска објави дека го забранила извозот на телекомуникациски, медицински, автомобилски, земјоделски, електрични, технолошки и голем број други стоки до крајот на 2022 година, како одмаздничка мерка против западните санкции против Москва, пренесува Ројтерс.

Списокот на забрани за извоз вклучува над 200 артикли, вклучувајќи железнички вагони, контејнери, турбини и друга стока.

Британската агенција наведува дека пред нападот на Москва врз Украина, производителот на автомобили Stelantis, кој ги произведува и продава марките Peugeot, Citroen, Opel, Jeep и Fiat во Русија, имал намера да започне со извоз на руски лесни комерцијални возила во Западна Европа.

Жалосно но вистинито, само кога се случуват негативни работи на западните земји тогаш и ние сме во тој запад.

By Author