Во чест на 151-годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, в сабота повеќе делегации ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје. 

Засилени полициски мерки се спроведуваат и во Македонија и во Бугарија за чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на револуционерот, Гоце Делчев. Околу црквата Св. Спас засега сообраќајот и движењето е слободно, но полициски контроли веќе се  поставена околу црквата. Во Бугарија пак се проверуваат бугарски граѓани кои би дошле во Скопје в сабота, за што заменик-главниот комесар на бугарското МВР, Станимир Станев, за бугарската БТВ изјави дека само вчера се слушнал трипати со својот македонски колега.

Меѓу бугарските граѓани кои е извесно дека нема да влезат во Македонија се имиња на бугарски граѓани за кои шефот на македонската држава, Стево Пендаровски, побара да бидат прогласени за персони нон-грата во земјава. Дознаваме дека станува збор за 14 имиња на Бугари кои Пендаровски и ги достави на македонската влада како опасни за јавната безбедноста на државава. На средбата на шефовите на дете полиции пред два ден, било договорено да има строга селекција на тоа кој може да излезе од Бугарија и да влезе во Македонија во деновите пред и на денот на чествувањето на Гоце Делчев.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш Егејска Македонија, се борел за ослободување на Македонија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница во Пиринска Македонија, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. 

Е наша напатена Македонијо што се мора да проголташ поради таа Европа која патем ќе се распадне кога ние ќе стасаме таму. Која допирна точка ја има овој наш великан со соседот кој си го присвојува.

By Author