Новогодишната ноќ во голема мера е зад нас, а Наташа Беквалац, Јелена Карлеуша, Сара Јо, Дара Бубамара и Лепа Брена се пејачките кои со своите стајлинзи ја одбележаа „најлудата ноќ во годината.

Пејачката Сара Јо со својот настап го отвори новогодишниот концерт пред Собранието. Таа се појави во црвен костум и високи потпетици, а за оваа прилика ја промени и бојата на косата. Имено, таа извадила огнено црвени прамени.

По неа на сцената излезе Марија во, за неа, веќе стандардна комбинација – црн костум.

По Марија, Карлеуша на спектакуларен начин го започна својот концерт. Јелена уште еднаш ги остави без здив сите со својот стајлинг, а за сцената избра проѕирен бел фустан во кој изгледаше како снежна кралица.

По снежната кралица, Јелена се пресоблече со брзина на светлината, па избра огнена црвена комбинација со машна, а веднаш потоа облече црвено бунда.

Карлеуша по трет пат се пресоблече, а за последниот дел од настапот избра златни минијатурни боди, додека на главата имаше детаљ од бел пердув.

Со новогодишниот стајлинг изненади и пејачката Лепа Брена која одржа концерт на Копаоник. Брена и нејзиниот тим навистина се потрудија пејачката да блесне за дочекот на Новата 2022 година, па облече долг фустан, но многу предизвикувачки.

https://www.instagram.com/p/CYK5gspIRgl/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a005b066-1533-4ad3-a7c3-2c1cabcf35f6

По снежната кралица, Јелена се пресоблече со брзина на светлината, па избра огнена црвена комбинација со машна, а веднаш потоа облече црвена бунда.

Карлеуша по трет пат се пресоблече, а за последниот дел од настапот избра златни минијатурни боди, додека на главата имаше детаљ од бел пердув.

Со новогодишниот стајлинг изненади и пејачката Лепа Брена која одржа концерт на Копаоник. Брена и нејзиниот тим навистина се потрудија пејачката да блесне за дочекот на Новата 2022 година, па облече долг фустан, но многу предизвикувачки.

Таа имаше големо деколте на бистата, додека шлицот допираше до нејзините колкови.

Долгите нозе на Брена ги пленеа присутните на Копаоник, но повеќе од тоа гласот и хитовите кои се безвременски.

Наташа Беквалац е уште една во низата пејачки која воодушеви со својот провокативен стајлинг за настапот во „Најлудата ноќ“. Фустанот беше тесен и долг, но со огромен шлиц, а во пределот на градите имаше корсет украсен со кристали. Пејачката на челото носеше циркони кои одлично и прилегаа на овој фустан.

Во еден белградски хотел пееше и пејачката Александра Пријовиќ, а за време на својот настап смени два фустани кои беа сосема различни по стил.

Првиот беше краток, без ремен, кој беше украсен со кристали и синџири, додека вториот беше црн, елегантен и долг, со асиметрично деколте.

Дара Бубамара секако беше облечена во нејзиниот добро познат стил. Таа избра црн костим, благодарение на кој ги истакна сите свои несовршености. Ако се суди по коментарите, Дара овој пат малку претера, иако беше тренирана за сценски настап.

By Author