Заспивањето на бебето може да биде голема мака, а една мајка, Линда Хардинг, сподели трик што му помага на бебето да не се разбуди кога ќе го ставите во кревет.
Имено, Линда Хардинг собра повеќе од 90.000 следбеници на својот TikTok, каде редовно споделува совети за родителство во кои открива како да го смири новороденото бебе.
Во неодамна објавеното видео таа објасни зошто бебето секогаш се буди кога ќе го ставите во креветчето, а тоа е прегледано повеќе од 790.000 пати.
„Дали вашето новороденче се буди секогаш кога ќе го заспиете? Ова може да биде причината. Имено, спуштањето на бебето така што главата и рамената први ќе го допрат душекот може да му остави впечаток на паѓање“, објаснува Линда.
Мајката на шест деца покажува, како што вели, вообичаена, но проблематична техника со кукла.
„Спуштањето на вашето бебе така што главата и рамената прво ќе го допрат душекот може да му даде чувство на паѓање и на тој начин да предизвика рефлекс на страв, дури и кога длабоко спие. За да го поправите ова, обидете се да го спуштите така што задникот на бебето прво ке допре до душекот, и потоа неговата глава вели Хардинг.
„Зошто да не се обидете. Оваа мала промена може да направи голема разлика“, додаде таа.
Од објавувањето, видеото доби повеќе од 34.000 лајкови и речиси 400 коментари од благодарни родители кои сакаа самите да ја испробаат техниката.
„Ќе го пробам ова сега. Таа се разбуди последните четири пати кога ја легнав во кревет “, рече една мајка.
Друга жена напиша: „Зошто не го видов советот кога моето бебе се роди?
Но, не сите беа се убедени дека овој метод функционира.
„Штом не го почувствува моето тело, очите и се отвораат“, се вели во еден коментар, додека друг напишал: „Го правам тоа постојано и моето бебе постојано се буди“.