Ако се прашувавте кое е најгледаното видео на YouTube, веројатно не ви паднало на памет детска песна.
Песната „Baby shark“ е најпуштана песна на YouTube и има 11 милијарди прегледи. Оваа песна ја сакаат и децата и возрасните, бидејќи е исклучително заразна.
Го надмина претходниот рекордер, популарната песна „Деспасито“ на пејачот Луис Фонси.
Песната „Baby Shark“ ја сними јужнокорејската компанија Pinkfong, и стана најгледаното видео на сите времиња на YouTube.
Се верува дека песната станала исклучително популарна за време на карантинот предизвикан од здравствената состојба во светот, а како што луѓето поминувале повеќе време дома, им ја пуштале песната на децата. Ова е во прилог и на фактот дека во април 2020 година „Baby Shark“ имаше „само“ 2,5 милијарди прегледи на YouTube.