Жална наша Македонија, што се случува -убиства, киднапирања, напад на службени лица, ова не е случајност.

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале.

Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.

 Од неофицијални извори дознаваме дека во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема повредени од престрелката.

Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.

Полицијата трага по избеганите, а на лице место е направен увид екипа на МВР и обвинител.

Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.

Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.

Извор: Инфомакс

By Author