Од полноќ нови цени на горивата.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со
која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на
одлуката од 28.10.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,870%, кај дизелот намалување за 1,202%, кај екстра
лесното масло намалување за 0,228% и кај мазутот зголемување е за 2,506%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е понизок за 0,387%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека
малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.
Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)