Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во
однос на одлуката од 22.5.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,835%, кај дизелот за 0,204%, кај
екстра лесното масло за 0,388% и кај мазутот зголемувањето е за 1,403%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со
претходната пресметка е повисок за 0,54%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00
ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на
Мазутот М-1 НС остануваат непроменети.
Од 27.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,433 (денари/килограм)

By Author