Русија ќе биде подготвена да се врати на Договорот за извоз на жито преку Црното Море доколку се решат проблемите со извозот на нејзините производи и вештачки ѓубрива, изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

„Западните земји треба да се фокусираат на тоа да руското жито и ѓубрива непречено пристигнуваат во земјите на кои им се потребни. Сепак, тоа не е вклучено во плановите на нашите западни колеги“, рече тој за време на неговото обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

„Доколку се отстранат сите проблеми што ги идентификувавме јавно, вклучително и оние (идентификувани) во оваа сала, кои се појавија при спроведувањето на Меморандумот Русија-ОН, ќе бидеме подготвени да се вратиме на учество во Црноморската иницијатива, рече Пољански.

Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон ќе направи „се што е потребно“ за да обезбеди извоз на храна од Русија, во случај Русија да го продолжи своето учество во договорот.

На прашањето дали Русија е подготвена да им верува на американските претставници, Песков рече:

„На збор – не.

Москва не е подготвена да му верува на Вашингтон на збор кога се работи за ветувањата за извоз на храна во случај да се врати на договорот за храна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

By Author