Коалицијата предводена од Соединетите Држави вчера изврши ракетни напади врз цели во Сирија, кои претставуваат закана, изјави претставник на коалицијата за Ројтерс.
Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека коалицијата лоцирала неколку локации за лансирање во близина на сирискиот град Деир ез-Зор.
Официјалниот претставник не прецизираше од која земја коалицијата го извршила нападот, пренесува Ројтерс.