Честитки до сите полициски службеници, до сите полицајци!
–Во изминатите неколку години полицијата се професионализираше и стана вистински заштитник, пријател на граѓаните, чувар на мирот и безбедноста.
Македонската полиција останува гарант во заштитата на уставно-правниот поредок и на спроведувањето на законите, како и на личната и имотна сигурност на секој наш човек.
Овој датум е избран на 20 април 1993 година за Ден на македонската полиција од Владата на тогашниот премиер Никола Кљусев, во чест на денот од 1903 година кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста.
Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година, а најголемиот број од делегатите веќе на 30 април се собрале во демирхисарското село Смилево. Жителите на родното Смилево на Даме Груев ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село.
Месното раководно тело, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи.
Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.
Одделенија од по три-четири комити биле поставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар.
Токму затоа е избран 7 мај како Ден на македонската полиција, во чест на настанот од 1903 година и зачетокот на организирана безбедност на населението и делегатите на Конгресот.