ОВЕН
Полека ќе ја почувствувате поддршката на Јупитер. Полесно дишете и работите на работа полека си доаѓаат на свое место. Може да се случи да имате мало недоразбирање со женски член на семејството. Поставете ги вашите граници точно.

БИК
Оваа година ви носи олеснување. Веќе полека чувствувате дека тензиите се намалуваат. Само не влегувајте во расправија со партнерот. Расправијата која започнува од никаде може да заврши со раскинување!

БЛИЗНАЦИ
Очекувајте многу примамлива понуда за работа. Пред веднаш да се согласите бидејќи носи навистина убави пари, внимателно прочитајте ги сите делови од договорот, особено она што е напишано со ситни букви.

РАК
Кога ќе се свртите кон семејството, сè функционира совршено. Но, треба да одвоите време за себе – само така ќе бидете задоволни, па дури тогаш ќе бидат задоволни и членовите на вашето семејство!

ЛАВ
Сега со полна пареа се движите напред кон новите работни задачи. На работа очекувајте малку напната ситуација бидејќи се случуваат промени во самата структура, но вие сте безбедни. Почувствувајте ја енергијата и навалете се на струјата што ја поддржувате.

ДЕВИЦА
Во основното семејство може да има конфликти бидејќи едно се желбите на членовите на семејството, а друго се можностите. Работите одат добро во љубовните врски, а слободните може да очекуваат повик од поранешниот партнер.

ВАГА
Полека, но сигурно го ставате во ред личниот живот. Она што може да ве вознемири оваа недела е малку суровото додворување на една личност од работа. Бидете дипломат и изберете ги зборовите.

ШКОРПИЈА
Одлична недела за слободните Шкорпии, бидејќи ќе имате многу интересен состанок. Внимавајте на приказните во колективот, бидејќи може да се случи и за вас да се зборува!

СТРЕЛЕЦ
Неделата пред вас на деловен план носи решавање на прашањата што ве загрижуваа во 2022 година.

ЈАРЕЦ
По празниците имате недостаток на енергија, дури и некои Јарци се во некаков вид на депресија. Не грижете се, штом се вратите во деловната машина, се ќе си дојде на свое место и повторно ќе ја имате вашата енергија!

ВОДОЛИЈА
Доколку сте сингл, задолжително прифатете ја поканата на пријател бидејќи ве очекува одлична вечер! Работите одат во ваша корист во деловниот свет, затоа искористете го тоа и презентирајте ги вашите идеи.

РИБИ
Подгответе се за одлична работна недела! Рибите кои очекуваат договор на работа сега го добиваат. Вие што немате работа добивате повик од компанија за која мислевте дека никогаш нема да ве контактира! Со среќа!

By Author