ОВЕН
Работа: Ќе бидете задоволни од работата. Ќе размислувате за финансии и можен е дополнителен прилив на пари.
Љубов: Во овој сегмент од животот на слободните, некој може да предизвика емоции преку работата. Зафатени без поголеми промени во врската.
Здравје: Можни полесни повреди.
БИК
Работа: Ќе ги реализирате вашите планови на деловно поле. Само ќе сакате да промените некои секојдневни навики.
Љубов: Слободни убави настани. Подобра комуникација со саканата личност.
Здравје: Работете на имунитетот. Движете се повеќе.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Време е да го промените односот кон другите. Но, не реагирајте оваа недела. Ова не е време за големи промени. Бидете внимателни кога трошите пари.
Љубов: На ова поле без важни настани. Зафатени посветете повеќе внимание на саканата личност.
РАК
Работа: Добар период за преговори и договори поврзани со овој сегмент од животот.
Љубов: Слободни убава недела. Можни се пријатни изненадувања. Ќе ја имате поддршката од партнерот.
Здравје: Можни проблеми со дигестивниот тракт.
ЛАВ
Работа: Со голем труд и работа ги реализирате вашите планови. Ќе размислувате многу за се. Зголемено трошење пари, затоа внимавајте кога се во прашање финансиите.
Љубов: Слободни без важни настани. Зафатени ако сакате да имате важни разговори со партнерот, оставете го за некој нареден период.
Здравје: Ниска енергија.
ДЕВИЦА
Работа: Одите напред со полна „пареа“. Направете промени ако веќе не сте направиле. Овој сегмент од животот нема да ви прави проблеми.
Љубов: Можни се важни состаноци и убави настани. Зафатени, повеќе разбирање очекува партнерот од вас.
Здравје: Можна е зголемена нервоза. Во суштина нема големи проблеми.
ВАГА
Работа: Некои околности се надвор од ваша контрола. Сè што можете да направите е да ги фокусирате вашите мисли на позитивни настани. Ќе има пари, но и зголемена потрошувачка.
Љубов: Слободните луѓе можат малку да се повлечат во себе и да бидат незаинтересирани за ова поле. Некои ќе размислуваат за личност која не е до вас. Обратете повеќе внимание на вашата сакана личност.
Здравје: Внимавајте на исхраната и што внесувате во организмот.
ШКОРПИЈА
Работа: Не е период за важни одлуки, но секако оваа и следната недела ќе ви донесат промени и просперитет.Ќе бидете задоволни.
Љубов: Убави настани во овој сегмент од животот. Некои може да започнат емотивна врска. Совет да размислите што сакате. Избегнувајте тајни врски.
Здравје: Полни сте со сила.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Планирате промени Ќе размислувате за нови можности Само сега не е време за имплементација Наскоро се ќе си дојде на свое место и работите ќе почнат.
Љубов: Нема значителни промени на ова поле. Следете ги желбите на партнерот и бидете негова поддршка и вие ја имате.
Здравје: Движете се повеќе и зајакнете го имунитетот.
ЈАРЕЦ
Работа: Ви претстојат значајни промени. Имате поддршка од важни луѓе. Некои ќе размислуваат за промена на работните места, па дури и на самата професија. Другите ќе го подигнатт на повисоко ниво.
Љубов: Слободните можат да го привлечат вниманието на луѓето преку работната средина. Зафатени убави моменти со саканата личност.
Здравје: Можна појава на хронични здравствени проблеми. Посетете стоматолог.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не е време за големи промени. Избегнувајте несогласувања поврзани со работата и кариерата воопшто. Нема да има поголеми проблеми, но можни се недоразбирања.
Љубов: Нема поголеми промени во овој сегмент од животот. Можно е влегување во авантури. Зафатениот партнер може да биде незадоволен и малку вознемирен.
Здравје: Можни проблеми со осцилирање на притисокот. Пазете се од настинки и инфекции.
РИБИ
Работа: Ослободете се од се што ве мачи и ве прави нерасположени. Движи се напред. На ова поле нема да недостасува задоволство.
Љубов: Слободни, некој може да ви ги разбранува емоциите. Прифати го. Зафатени, планирање на иднината.
Здравје: Можни проблеми со циркулацијата