ОВЕН
Работа:
Ве очекуваат многу работи што ќе треба да ги направите за краток временски период, но без многу нервози и со добар тим на соработници. Многумина ве критикуваат, но вие се држите до вашиот концепт и лојални соработници.

Љубов: Најдобро се чувствувате кога имате впечаток дека контролирате важни ситуации во приватниот живот, иако партнерот може се почесто да ве изненадува. За среќа, нема причина за грижа.

Здравје: Поттикнете подобра концентрација и позитивно расположение кај себе.

БИК
Работа:
Склони сте кон претерани детали, но во моментов ви требаат попрактични решенија, и обидете се да завршите се што ќе започнете.

Љубов: Ве очекува повик од личност која ви е исклучително драга и со која лесно ќе се договорите за работата со странци, или пак ќе заминете на заедничко патување.

Здравје: Слободното време посветете го на психолошка релаксација.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Јасно ви е дека понекогаш во важни ситуации не можете доволно да влијаете на развојот на деловните настани. Размената на идеи и тимската работа секогаш носат подобри резултати.

Љубов: Се обидувате да оставите впечаток дека сè функционира беспрекорно, но длабоко во себе потиснувате некои емоционални стравови и грижи.

Здравје: Внимавајте на соништата, бидејќи тие го одразуваат она што ве оптеретува.

РАК
Работа:
Можни се заладени односи со колегите, особено со Јарец или Овен кои немаат доволно разбирање за вас.

Љубов: Се согласувате со емотивните компромиси што ги предлага вашиот партнер.

Здравје: Подобрете ја психофизичката кондиција.

ЛАВ
Работа:
Се обидувате да го убедите партнерот дека треба да ја прифати вашата идеја за заминување во странство, барем на некое време.

Љубов: На партнерот не му оставате многу простор за слободен избор, но за среќа делувате многу убедливо. Свесно го користете вашиот шарм во вистинска мерка.

Здравје: Спортувајте и пред се бидете насмеани.

ДЕВИЦА
Работа:
Обратете внимание на некои информации кои можат да ви го скратат патот до успехот. Имате големи очекувања, особено кога станува збор за Лавот, со кој долго време успешно соработувате.

Љубов: Задоволството што го чувствувате во нечија близина може да ве исполни со позитивна енергија и да ги помести вашите субјективни граници.

Здравје:Секој има потреба од позитивен поттик, а вам ви треба некој лек за да продолжите.

ВАГА
Работа:
За да постигнете исклучителни деловни резултати, се согласувате на некоја импровизација. Понекогаш, без поголем ризик, нема забележителен успех или поширока резонанца меѓу соработниците.

Љубов: Го збунувате партнерот со емотивни контрасти во реакциите, чести промени во мислењето, како и променливо расположение.

Здравје: Позитивната средина го зголемува вашето расположение.

ШКОРПИЈА
Работа:
Интелектуалните способности ќе бидат пресудни при оценувањето на добрите деловни можности кои ќе ви бидат понудени во овој период.

Љубов: Ви се чини дека личноста за која многу се грижите нема доволно разбирање за вашите емотивни потреби. Но, без разлика на се, обидете се да не потонете во меланхолично расположение.

Здравје: Важно е да се акумулира позитивна енергија и да се одржи добар имунитет.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Вешто ги користите своите способности во различни ситуации и не се откажувате од вашите деловни визии. Сè додека имате јасна идеја за тоа што и колку сакате да постигнете, можете да се надевате на успех.

Љубов: Подготвени сте да направите речиси се за партнерот, но под услов некој да не ја загрози вашата воспоставена доминација и интегритет.

Здравје: Во одлична психофизичка форма сте.

ЈАРЕЦ
Работа:
Важно е да имате деловна цел, но поважно е работата да ја завршите на начин што ќе ви овозможи да успеете и да заработите добри пари.

Љубов: Очекувате повеќе од она што може или сака да ви го даде партнерот.

Здравје: Најмногу би сакале релаксација.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Имате можност да се смирите со Рак или Шкорпија, но во оваа работа сте премногу тврдоглави. Чувствувате голема желба да ја запознаете личноста која ве заинтригирала со идејата за нова работа.

Љубов: Лесно го менувате вашиот емоционален интерес, кој најмногу зависи од вашето расположение или од луѓето што ќе ги запознаете. Вешти сте да се прилагодувате на она што другите го бараат.

Здравје: Зајакнете го имунитетот и внесете што повеќе витамини.

РИБА
Работа:
Обидете се да направите се што е потребно за да го достигнете вашиот моментален професионален и личен максимум во различни правци.

Љубов: Понекогаш императивно не се откажувате од вашите емотивни намери, дури и во ситуација кога сите околу вас мислат поинаку.

Здравје: Во овој период најважно е да ги усогласите мислите и чувствата.

By Author