Еве зошто актерот реагираше БУРНО. Леонардо ДИ Каприо изрази незадоволство бидејки неговата колешка Мерил Стрип беше гола во една сцена во новиот филм на Адам Мекеј “Don’t Look Up” .
Магазин “People” пишува дека Леонардо ди Каприо бил заштитнички настроен и не сакал Мерил Стрип да биде гола на сцената со него. Адам Мекеј, режисерот на „Don’t Look Up“, кој доби осум номинации за Оскар за „Vice“ во 2018 година, ја потврди приказната за „The Guardian“. – Знаеш кој имаше проблем со таа сцена? Лео. Ме праша дали навистина морам да ја снимам и да ја покажам таа сцена. Му реков дека во филмот е претседателот Орлин, а не Мерил Стрип. А Мерил не трепна поради таа сцена. Таа дури и не го спомна. Таа е бестрашна – изјави Мекеј. Тој објасни дека има причина зошто Леонардо протестирал. – Лео ја гледа Мерил како кралска личност од светот на филмот, иако можеби кралското семејство не е комплимент. Генерално, таа за него е посебна личност во историјата на филмот и тој не сака да го гледа тоа – додаде режисерот. Во сцената, претседателката Џејн Игл, која ја игра Мерил Стрип, се појавува гола пред Рандал Минди, кој го игра Ди Каприо. Иако, како што објасни Мекеј, на сцената се гледа само нејзиниот гол грб, но таа идеја воопшто не му се допадна на актерот. Покрај Леонард ди Каприо и Мерил Стрип, во филмот играат и оскаровците Џенифер Лоренс, Џона Хил, Аријана Гранде, Тимоти Шаломе, Кејт Бланшет, Метју Пери, Крис Еванс и многу други. „Don’t Look Up“ ќе има премиера на Нетфликс на 24 декември.