Самитот на Г-20 што моментално се одржува на Бали е уште еден кошмар за Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин.

Учеснците на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали подготвиле нацрт на заедничка изјава во која повикуваат на воспоставување глобален мир, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

По непријатната средба рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со францускиот претседател Емануел Макрон, проблемите продолжија да се натрупуваат за Русија.

Имено, на овој самит е договорена заедничка декларација на сите земји во која се осудува руската агресија врз Украина и се повикува на прекин на војната.

Иако Лавров веројатно очекуваше дека традиционалните сојузници на Русија – Индија и Кина – ќе се спротивстават на овој потег, тоа не се случи.

Двете земји почнаа да се дистанцираат од војната во Украина, за која во нацрт-резолуцијата на самитот на Г20 се вели дека предизвикала непроценлива економска штета ширум светот.

Соединетите Американски Држави сакаа да ѝ префрлат што е можно повеќе вина на Русија во конечната резолуција, додека Индонезија, домаќинот на самитот, се обидува спомнувањето на војната да ја сведе на минимум.

Во исто време, новиот британски премиер испрати порака до Владимир Путин. Новоизбраниот премиер Риши Сунак изјави дека Путин во живо треба да се соочи со сите светски лидери, а за Русија има само една порака.

„Тие треба итно да ја напуштат Украина и да преземат одговорност за своите постапки“, рече Сунак.

By Author