Првиот основен суд му ја продолжи за уште 30 дена итната мерка на фудбалерот Душко Тошиќ за забрана за приближување и комуникација со сопругата, пејачката Јелена Карлеуша, соопштија од судот за Танјуг.
Тошиќ во петокот на 7 јануари претходно доби 48 часа забрана од полицијата бидејќи и удрил шамар на сопругата.
Обвинителството во саботата предложи продолжување на оваа мерка, а судијата на претходна постапка го усвои предлогот.
Полицијата во петокот, откако пејачката пријавила дека сопругот е насилен кон неа, отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.
Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.