Митинзи, ветувања, лага или вистина. Најдоброто за Велес, најдоброто за вашата општина. Што тоа најдобро се случи во изминатите 4 години, дали сите закони и препорики важат за сите.
На вчерашниот митинг на СДСМ и коалицијата најдоброто за нашата општина кој се одржава во Велес од страна на кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ беше кажано дека имаат енергија, знаат како, имаат тим и искуство, љубов и желба кон тоа што го работат. Имаат срце што бие за Велес. Го имаат Велес во срцето.
Убаво кажано, но тоа се само убави зборови. Кога зборовите ќе поминат во дела тогаш народот ќе почне повторно да им верува на нашите политичари. Да се надеваме дека оваа подмладена екипа ќе има повеќе слух за проблемите на народот. Искуството и младоста секогаш биле добитна комбинација.
Во време на корона кога секаде се бараат сертификати се држат митинзи од сите партии, само народот незнае дали сите присутни на митинзите се со сертификати и дали тогаш се почитуваат правилата од 2 метри растојание.