Парис Хилтон и Картер Реума судбоносното да го кажаа на 11 ноември, на раскошната церемонија која се одржала на некогашниот имот на нејзиниот покоен дедо на Бел Ер. Невестата за таа прилика носела раскошен фустан со потписот на Оскар да ла Рента. Сестрите Хилтон носат венчаници со различни потписи Никки носела венчаница на Валентино, но очигледно имаат многу сличен вкус.
По завршувањето на церемонијата Парис убавите вести ги потврди на инстаграм. На фотографијата покажа само мал дел од својата венчаница а се гледа и нејзиниот веренички прстен. Таа носи вел и дискретна шминка. За останатите детали нејзините следбеници, а ѓи има милиони ќе мора да причекаат.
Парис Хилтон на гостувањето во емисијата”The Tonight Show” изјавила дека има многу нешта испланирани и дека тоа ќе биде како тродневен излет.
Целата венчавка вклучувајќи го и забавниот дел ќе биде документирана со видео запис, за што Парис најави документарна серија “This is a Paris”