Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за прекршоци што ги прават пешаците…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.