РУСИЈА денеска ги предупреди Литванија и Европската унија дека може да примени „остри мерки“ против нив, доколку не продолжи транзитот на стока од и кон руската енклава Калининград.

– Доколку ситуацијата не се стабилизира во наредните денови, Русија ќе преземе остри мерки против Литванија и Европската унија. Решавањето на ова прашање трае предолго, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесе Ројтерс.

Литванија забрани транзит низ нејзината територија на стоки кои подлежат на санкции на Европската унија, а Русија најави дека ќе возврати.

By Author