Младиот човек пукал во главата на шефот на одделението
Лекарите се борат за животот на Александар Елисејев, началникот на воениот оддел во рускиот град Уст-Илимск, кој беше застрелан рано утринава во просториите на одделот.
Според локалните медиуми, тој бил застрелан од млад човек кој денеска требало да биде мобилизиран.
Лицата кои во моментот на инцидентот се наоѓале во просториите на одделението го снимиле моментот на пукањето со своите мобилни телефони.
На видеото се слуша истрел и жена како вреска.
Пред да пука, младиот човек (25), кој е идентификуван како Зина Руслан, наводно рекол: „Сега сите ќе си одиме дома“.