Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас изјави дека екипажот на турскиот брод евакуирал 54 членови на екипажот на рускиот воен брод „Москва“, за кој Украинците тврдат дека го потонале. Не е познато колку членови на екипажот загинале.
„Бродот се преврте на страна во 1:14 часот, а по половина час остана без струја. Турски брод околу 2 часот по полноќ евакуираше 54 морнари, а Турција и Романија објавија дека бродот целосно потонал околу 3 часот по полноќ. На бродотимало 485 луѓе, од кои 66 офицери, „а се уште не е познато колку членови на екипажот загинале“, изјави литванскиот министер за одбрана.
Украинскиот воен функционер Максим Марченко на апликацијата Телеграм објави дека бродот „Москва“ е уништен со два проектила, кои според него, нанеле голема штета на бродот.
Сепак, Министерството за одбрана на Русија тврди дека на крстосувачот избувнал пожар, а потоа следело невреме, за кое навеле дека е причина за целосното потонување.
„Москва“ е вториот по големина брод на руската морнарица. Претходно Украинците го уништија и помалиот руски воен брод „Орск“.
Руската морнарица дејствува на Црното Море како поддршка на копнената агресија против Украина. Меѓу другото, тој учествува и во руските напори да го окупира пристаништето во градот Мариупол, пишува весникот Дејли Сабах.