Денес на пресконференција Туристичко-угостителската комора (ТУК) ќе ги презентира барањата за мерки за поддршка на угостителскиот сектор поради кризата со Ковид-19.

Туристичко-угостителскиот сектор во моментов е еден од најпогодените.Угостителите се соочуваат со тешки последици многу од нив почнаа и да ги затвараат објектите.

Рестриктивните мерки под кои работат во последнава година кои во дадени периоди се и целосно затварање без соодветна и навремена подршка доведоа до престанок на деловна активност и губење на работни места, информира Туристичко-угостителската комора.

Ставовите на ТУК ќе ги изнесе потпретседателот Мартин Ангеловски.

By Author