Акциска контрола во угостителски објекти во Битола, затекнати лица без сертификати
На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.
35 санкции за возење под дејство на алкохол во Битола
Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 35 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Приведени крадци, украденото вратено на сопственикот
На 22 и 24.12.2021 на подрачје на Центар се лишени од слобода Т.В.(38) и Б.Т.(33), двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, сторена на 17.12.2021. Лицата во целост го потврдиле делото, а извршено е и препознавање од оштетената во присуство на јавен обвинител. Украденото е вратено на оштетената. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен крадец од Кондово
На 24.12.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје е приведен А.С.(40) од с.Кондово, скопско поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, сторени на 19.11 и 20.11.2021 во два трговски објекти во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Запленет хероин вреден 200.000 евра, приведено едно лице
Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215. Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога, за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела.