На 19.06.2021 во 23.30 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.Д.(45) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена тврда материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.06.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.П.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Разловечко востание“ била касната од куче скитник.
Во текот на изминатото деноноќие (19/20.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 103 прекршоци.
На 19.06.2021 во 09.45 часот на крстосницата од ул.„Железничка“ со ул.„Будва“ во Охрид, патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(34) од Охрид удрило во велосипед управуван од Е.А.(71) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, која е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.
На 19/20.06.2021 СВР Штип спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 18 мерки на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 останати прекршоци.
На 19.06.2021 во СВР Скопје, И.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Пат за Китка“ бил каснат од куче скитник.
На 20.06.2021 околу 00.05 часот на патот Р1103 Кавадарци – Неготино, кај место викано „Антена“, мотоцикл „линкген 125“, без регистарски ознаки, управуван од Л.Р.(37) од с.Долни Дисан, неготинско, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата Л.Р. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Неготино.
На 20.06.2021 во 02.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“-Скопје од полициски службеници е приведена Н.Д.(29) од Австралија, бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека го има пречекорено дозволениот туристички престој во Република Северна Македонија. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка.
На 19.06.2021 околу 10.30 часот на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(31) удрило во пешакот Б.Т.(34), двајцата од Прилеп. По незгодата пешакот е префрлен во Градската болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
На 19.06.2021 18.10 часот во СВР Скопје, Г.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Франц Прешерн“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.