На 17.05.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 77 прекршоци, од кои 28 на подрачјето на Штип, 12 во Кочани, 1 во Пробиштип, 4 во Виница, 3 во Делчево, 11 во Берово и 18 во Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 7 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 1 за непрописно престигнување, 1 за некористење сигурносен појас и 5 за непрописно паркирање.
На 17.05.2021 на подрачјето на СВР Скопје продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Притоа, изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, три за возач почетник. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 16 прекршоци што ги чинат пешаците, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, 63 санкции за непрописно паркирање.
На 17.05.2021 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Св.Кирил и Методиј“ и ул.„Народен фронт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано Л.Љ.(31) од с.Радуша, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Љ.(29) од с.Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „ауди“, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.