На 09.05.2021 во 11.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево ги лишиле од слобода Ј.Н.(19), З.Т.(21), С.Ѓ.(24) и М.Д.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во текот на 09.05.2021 спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 282 возачи. Од нив, 51 возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
На 09.05.2021 во 16.32 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Студентска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „дукати мултистрада“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.В.(50) од Битола и патничко возило „шкода октавија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(39) од Битола. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкаta болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 09.05.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје на надвозникот кај с.Стајковци биле приведени Ќ.С.(38) и Б.С.(42), двајцата од с.Арачиново, бидејќи при контрола на возило „нисан “, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Ќ.С., во кое сопатник бил Б.С., биле пронајдени и одземени огревни дрва без дозвола и жиг, а двете лица не поседувале никаков документ за идентификација. Во консултација со Шумска полиција возилото било спроведено во Полициската станица Гази Баба, а двете лица биле приведени во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на 09.05.2021 на територијата на град Скопје продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Притоа, изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25, 12 за возење без возачка дозвола, 45 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за нерегистрирани возила, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло).
На 09.05.2021 во 15.30 часот во Полициската станица Центар, М.И.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Пролет“ бил каснат од куче скитник.