На 28.04.2021 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода К.К.(27) и А.М.(23), двајцата од Скопје и Г.С.(21) од Штип, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.04.2021 во 11.30 часoт во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затвореното оделение од затворот била пронајдена една паковка со прашкаста материја. Од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

На 28.04.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Г.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Маџари“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

СВР Скопје во текот на 28.04.2021 продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 санкции за користење мобилен телефон, 17 за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непочитување на првенство на минување и 46 санкции за непрописно паркирани возила.

На 28.04.2021 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.П.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Вангел Дину“ бил каснат од куче скитник.

By Author