Бројни планови за наводна инвазија на Украина, барана од рускиот претседател Владимир Путин, излегоа на виделина во последните месеци. Додека Америка и нејзините сојузници испраќаат војници и оружје за да и дадат барем мала шанса на Украина, Германија практично молчи за заканите на Путин. Причината е прилично едноставна – податоците на Евростат велат дека речиси 47 отсто од гасот во Европската унија влегува од Русија.
Рускиот гас сочинуваше 30 отсто од вкупните испораки на гас во Европа во 2010 година, но во првата половина на 2021 година тој изнесуваше повеќе од 45 отсто според податоците собрани од Еуростат и најголемото количество руски гас завршува во Германија, Италија, Франција и Австрија.
И покрај тоа, Германија продолжува со плановите да ги затвори своите нуклеарни централи оваа година – сметајќи ги за штетни за животната средина – и покрај неколкуте студии кои предупредуваат дека слични потези во минатото ја зголемија зависноста на земјата од фосилни горива. Можеби не е чудно да се открие дека Германија има најблаг однос кон Путин, кога градоначалникот на Киев и поранешен боксер Виталиј Кличко ги обвинува за големо „предавство“.
Холандија, еден од главните домашни снабдувачи со гас на континентот, исто така планира да го затвори своето најголемо наоѓалиште на гас оваа година по серијата земјотреси, додека норвешката влада – најголемиот снабдувач во Европа – е под притисок од еколозите да ги намали резервите на гас.
Снабдувањето со гас е слабо поради постудените зими од очекуваното.
„Катастрофа за потрошувачите“
Клајв Мофат, аналитичар на енергетскиот пазар и поранешен претседател на Групата за економска безбедност на Обединетото Кралство, рече дека потпирањето на странскиот гас е „катастрофа“ за Британија и нејзините потрошувачи.
Во исто време, аналитичарите на инвестициската банка сметаат дека”Goldman Sachs” Европа има доволно складиран гас за да ја преживее зимата, но доколку температурите паднат, што би довело до зголемена побарувачка – резервите нема да бидат доволни.
„Ако тоа се случи, веројатни се прекини во електричната енергија“, велат банкарските аналитичари.
Дури и ако Русија ги зголеми испораките во регионот, цените на гасот во северозападна Европа веројатно ќе скокнат двојно повеќе од вообичаеното.
Ако залихите се истрошат, Европа би можела да биде принудена да се сврти кон Русија – во време кога Америка се надева дека ќе претстави обединет фронт против Путин.
Рускиот моќник веќе ја кажа својата цена за зголемување на снабдувањето со гас во Европа: одобрување на гасоводот Северен тек 2 и заобиколување на Украина, што би ѝ го одзело приходот од транспортот на гас.
Како кризата може да се „олади“
Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека одобрувањето на Северен тек 2 „што е можно поскоро“ ќе даде „позитивен сигнал“ и ќе овозможи „заладување“ на актуелната гасна криза.
Сергеј Пикин, руски енергетски аналитичар, беше уште погруб во својата проценка. Говорејќи за Њујорк Тајмс во октомври, тој рече дека Русија нема обврска да испорачува дополнителни количества гас.
„Од каде Европејците да добијат нови количини гас? Одговорот на тоа прашање е Северен тек 2“, истакна Пикин.
САД силно се противат на отворањето на гасоводот, стравувајќи дека тоа дополнително ќе ја зголеми зависноста на Европа од Русија и ќе му даде на Путин огромно влијание врз политиката во регионот.
Владините претставници се загрижени дека Русија ќе го ограничи снабдувањето со гас за европските земји доколку дојде до инвазија на Украина.
Европа се потпира на Русија за околу 47 отсто од својот природен гас, најголемиот дел преку гасоводи – вклучувајќи го Џамал, кој минува низ Белорусија и Полска до Германија, Северен тек, кој оди директно до Германија и рутите преку Украина.
Германија на потег
Гасоводот Северен тек 2 е предмет на многу дебати во Германија. Министерството за надворешни работи неодамна го презеде Аналена Бербок од редовите на Зелените, која остро се противи на овој проект.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со Бербок во Москва изјави дека овој гасовод ќе придонесе и за германската и за европската енергетска безбедност.
Од друга страна, Бербок вели дека Берлин ќе истрае во одбраната на основните вредности, дури и ако треба да плати висока економска цена за тоа, во случај на руска инвазија на Украина.
Додека едни го обвинуваат Путин за блефирање, други предупредуваат – опасен е кога ќе го турнете во ќош, поради што тешко дека ситуацијата на Истокот ќе се реши во блиска иднина.