Македонски пошти се без плати, ова за КУРИР го сведочи вработен во институцијата кој вели дека директорот ги оставил втора недела без плати.
„Законскиот рок за земање на платите во Македонски пошти е до 15-ти во месецот, но еве втора недела по ред плата се уште немаме“, вели нашиот извор.
Тој додава дека Синдикатот на Македонски пошти бил на состанок со директорот Јани Макрадули, а тој на истиот ги молел да нема штрајк или протест на вработените и дека плата ќе имало до крајот на месецот, за август, а на почеток на октомври (што е речиси следната недела) вработените ќе добијат плата за месец септември.
Во пошта во моментов има над 1.000 вработени, што значи дека сите тие на ниво на целата земја чекаат задоцнета плата која не се знае ниту дали и кога ќе ја земат.
Инаку вработените во месец април бараа линеарно покачување на платите, а тогаш организираа и штрајк со неработење и блокирање на институцијата.
Извор: Курир