Александр Лукашев, директор на рускиот Универзитет Сеченов за медицинска паразитологија, тропски и заразни болести, рече дека омикрон сојот е помалку смртоносен од другите варијанти на вирусот.
„Смртноста од омикрон сојот е пет до десет пати помала отколку кај другите соеви“, рече Лукашев.
Според најновите статистички податоци на рускиот кризен штаб, уделот на делта соја меѓу новите случаи падна на 52,3 отсто во однос на 56,3 отсто претходниот ден, додека уделот на омикрон се искачи на 47,7 отсто, пренесе ТАС С.
Тој смета дека поблагиот тек на болеста се должел на помалата репродукција на вирусот во белите дробови, односно поголема репродукција во горниот дел на респираторниот систем.
Со оглед на развојот на омикрон сојот тој очекува, се ќе биде завршено до 1 март.
„Целата приказна со Омикрон ќе биде завршена на 1 март. Се развива многу брзо, па на сето тоа ќе гледаме како на историја“, додаде Лукашев.