навални

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска остро го критикуваше и навреди претседателот Владимир Путин за време на судското сослушување, нарекувајќи го „лудак кој започна глупава војна“ во Украина врз основа на лаги.

„Оваа војна е глупава, вашиот Путин ја започна и се заснова на лаги“, изјави Навални пред судот во Москва преку видео врска од затворот, пренесе Ројтерс.

Навални се најде на суд, бидејќи се жалеше на деветгодишната затворска казна што ја доби за измама и непочитување на судот, „дополнување“ на казната од две и пол години што веќе ја отслужи.

Тој ги негира сите обвинувања и вели дека се фалсификувани, за да ги блокира неговите политички амбиции.

Судијата неколку пати го прекина, но Навални ги нарече „лаги“ „фактите“ на обвинителството и ги спореди со лагите што Путин ги употреби за да ја започне инвазијата на Украина.

– Што сакате да постигнете – дали сакате контрола на краток рок, да се борите со идните генерации кои се борат за иднината на Русија? Сите ќе доживеете историски неуспех – изјави Навални пред судот.

Тој тврди дека со Путиновата Русија владеат крадци и криминалци кои станале непријатели на рускиот народ.

– Лудак ги вкопа канџите во Украина и не знам што сака да прави со тоа, тој луд крадец – рекол Навални за Путин.

Кремљ во неколку наврати отфрли голем број тврдења на Навални за Путин.

By Author