Насловните страни на италијанскиот и британскиот магазин “Vogue”за месеците ноембар и декембар ќе ги красат фотографии од поп звездзта Лејди Гага. На едиторијалот Гага направила интересни фотографии, а патем и раскажувала за новата улога Патриција Регани во филмот”Гучијеви” кој што премиерта треба да ја доживее на 24 нември.

Фотографиите таа ги објави и на својот инстаграм профил најавувајќи ѓи насловните, Гага во својот вообичаен стил испробувајќи необични модни комбинации. На една од фотографиите лежи на подот ко од мајка родена.Единствено својте гради ги покрива со рацете.

Ова е прв пат насловната на магазинот во две земји од Европа да ја дели една личност,пред Лејди Гага, Адел ѓи имаше насловните во америчкиот и бритнскиот”Vogue”.

Гучијевата вдовица Патриција не била пресреќна со изборот на глумицата која ќе го тумачи нејзиниот лик.Таа за италијанските медиуми изјавила дека Гага е безобзирна и безобразна, дека не дошла ни да ја запознае.

По тој повод глумицата во интервјуто за”Vogue’ одговорила на коментарите на жената која ја глуми во филмот.

“Не сакав ништо да влијае на моето објективно доживување на Патриција Регани.Ги гледав нејзините интервјуа и новинарските објави.Сакав да ја разберам но никако да ја оправдам”.На крајот од интервјуто поп звездата и глумица додала дека не е сигурна во таа дека сака да ја запознае и после премиерата.Не сум сигурна дали би имала за нешто да зборувам со жена која што нарачала нечие убиство.Рекла Гага

By Author