Соништата на Брисел за целосен прекин на увозот на руска нафта ги урна генералниот секретар на ОПЕК Баркиндо

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и порача на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија би можеле да создадат еден од најголемите шокови на пазарот на нафта и дека алијансата не може да компензира за руските количини бидејќи нема да го зголеми своето производство.

Во време кога Брисел планира нови санкции против рускиот енергетски сектор, претставници на Европската унија одржаа состанок со претставници на ОПЕК во Виена за да ја пренесат поканата за зголемување на производството.

Сегашните и идните санкции кои се најавуваат може да доведат до дневна загуба од седум милиони барели руска нафта, изјави генералниот секретар на ОПЕК Мохамад Баркиндо.
Тој рече дека, со оглед на моменталната состојба во енергетскиот сектор, би било речиси невозможно да се надомести ваквата загуба на дневна основа, пренесува Ројтерс.

Баркиндо рече дека моменталната нестабилност на пазарот е последица на нефундаментални фактори кои се надвор од контрола на ОПЕК, сигнализирајќи дека нивните членки нема да го зголемат производството.

By Author