Во Македонија социјалниот дијалог не постои односно е уништен, нема покачување на минималната плата, немаме работна недела, не се почитуваат законот за безбедност и здравје затоа утре ќе излеземе на протест да испратиме порака дека „доста е претеравте ова веќе не можеме да го издржиме“, изјавија од КСС на денешната прес-конференција.
„Сите бевме сведоци дека под притисок на капиталот и бизнисот се прави бајпасирање на законот за рботни односи во однос на неработна недела и преку специјалните закони се определува работниците да работат во недела, нема 100 проценти боледување за сите заболени од Ковид или во самоизолација, наместо почитување на законот за безбедност и здравје и законот за пензиско и инвалидско осигурување доаѓаме до ситуација Владата со заклучоци да поништува закони и да деградира закони што не е законски затоа има секојдневно кршење на законите на колективните договори на сите закони од областа на трудовото право, имаме нефукнционирање на институциите пред се инспекторатите кои воопшто не постапуваат.
Од КСС велат дeka до сега имало промени и единствено се променил односот кон нив.
„Еве денеска добивме порака дека директоррот на јавната установа на затворот Шутка во Скопје дека забранил да се исплаќа членарина на синдикалните организации, прититсокот станува се поголем и пожесток затоа и нашиот одогвор ќе биде се поголем и пожесток“, изјавија од КСС.
Додадоа дека се соочуваат со прогон на синдикални лидери и притисоци за растурање на синдикатот.
„Постои вршење притисок за да се исчленат од нашиот синдикат, имаме притисоци за растурање на синдикатот со дрско и неодговорно мешање во синдикалното организирање кршејќи ги сите закони во трудовото право кршејќи ги и сите конвенции на Меѓународната организација на трудот кои што македонското Собрание ги има ратификувано и се обврзувачки, затоа утре ние тргнуваме на протест известени се меѓународните синдикати каде КСС е редовна членка, европската и свестката конфедерација на синдикат кои даваат силна поддршка затоа штто редовно се известувани за сите овие случувања во изминатите години и во последниот период што се случува од страна на именувани избрани луѓе од оваа влада известени се сите синдикати, граѓански организации во чија дејност е заштита на работничките права, добиваме силна поддшка од унијата на независни синдикати на Македонија од „Гласен текстилец“, добиваме поддршка и од политички партии кои што се заинтересирани и кои што го осудуваат ова дивијантно однесување на Власта, известени се сите Амбасади во Макеодонија, поддршката ја добиваме и од работници и од граѓани и од други граѓански организации кои своеволно се приклучуваат и кажуваат доста е претеравте “, воедно истакнаа дека од Левица и комунистичка партија добиле поддршк за протестот.
Утрешниот протест започнува во 16 часот со автомобили спроти македонска телевизија и ќе заврши пред Влада.