Британската крлица Елизабета ја одбила наградата “најстара жена на годината” од часописот наменет за постари лица ( The Oldie).
Љубезно заблагодарувајки се на наградата 95 годишната Елизабета Втора одговорила дека сеуште не се чувствува стара, порачувајќи дека годините не се мерило за нечија старост, односно дека “човек е стар онолку колку се чувствува старо”. Предлогот да се кандидира Елизабета за “Стара дама на годината” потекнала од писателот и ТВ водител Џил Брандрет, кој председава со жирито за наградите. Тој му напишал писмо на секретарот на кралицата сер Едвар Јанг прашувајќи дали би го прифатила ова признание. Часописот го објавил целосниот одговор од кралската служба: “Нејзиното величество верува дека личноста е стара онолку колку што се чувствува старо. Затоа Кралицата не верува дека ѓи исполнува условите неопходни за оваа титула и се надева дека ќе најдете достоен примател”. Брандрет одговорот го опишал како “сладок” и додал “Можеби во иднина Нејзиното Височество повторно да ја кандидираме за оваа награда.
Елизабета Втора наредната година ќе слави 70 години од владеењето како кралица.