Овој гламурозен настан го чекаме со денови.

Интересно е што Кортни, најстарата сестра од кланот Кардашијан, најмалку е заинтересирана за каква било самопромоција, а во еден момент имала проблем и со снимање на реални шоуа. Така се водевме по тоа дека и кога ќе се омажи ќе биде мало (колку што може да биде само кога има шеснаесет членови од фамилијата), приватна свадба по шифрата ќе биде објавена можеби една или две фотографии.

Ух, колку погрешивме – и среќни сме поради тоа. Не како Долче и Габана кои се среќни, но еве сме.

Парот заедно со блиските пријатели и семејството ужива во Италија на раскошната прослава, а пристигнуваат и првите фотографии од настанот, но и неколку клучни детали за модата и церемонијата.

Кортни е видена покрај нејзината мајка Крис Џенер, која според медиумите речиси цело време плачела од среќа. Кортни се одлучи за краток бел фустан со масивен превез кој бараше неколку асистенти да го држат од земја.

Извори блиски до парот за TMZ изјавија дека свадбената церемонија се одржува во крајбрежниот имот на Доменико Долче и Стефан Габан. Имотот е и местото каде семејството престојувало за време на нивното бегство во Италија.

Исто така, целото семејство имаше можност да извлече и избере ексклузивни креации од архивите на Долче и Габана во последните три месеци кои ќе ги носат за нивниот свадбен викенд.

На списокот на гости се најблиското семејство и пријателите на Кортина и Тревис.

Прекрасната церемонија се одржа на црвена платформа, истакната со златни детали со многу свеќи.

Кортни се мажи за прв пат (добро, трет пат за Тревис), а пред тоа беше во десетгодишна вонбрачна врска со Скот Дисик. Ако гледаме реално, Кортни грми, се пука од љубов, а на 43 години не можела да посака подобра свадба.

By Author