Прв секс, сексуално преносливи болести, контрацепција, посета на гинеколог – разговорот со децата на овие теми се уште е табу тема за многу родители. Зошто е тоа така и кои прашања ги мачат адолесцентите.
Корисно е да знаете дека сè што не го учите вашето дете, општеството и околината ќе го научи. Затоа е важно вие да бидете иницијатор на сите „забранети“ теми, и да разговарате со децата за сексот за да му дадете на детето здрава основа за развој.
Заради менталната и физичката сигурност на детето, неговиот правилен сексуален и психолошки развој, обидувате се да ја надминете непријатноста или стравот што го чувствувате кога станува збор за темата секс и фокусирајте се на општата благосостојба на детето.
Тешко е да се каже за кој период станува збор, бидејќи во разговорот прво треба да се прилагодиме на возраста на детето, потоа на интересот и љубопитноста на детето. Евентуално ако има некои потешкотии во предучилишната возраст, а подоцна во училишниот и адолесцентниот период, мора да им се пристапи на децата со темата сексуалност во вид предавања и работилници со училишни психолози. Секако, многу е важно да се има топол и доверлив однос со родителите и тие да бидат лидери во разговорите со децата за сексуалноста.
Вистинското време за посета на гинеколог кај децата и адолесцентите зависи од физичкиот развој на детето и постоењето на одредени проблеми со репродуктивниот и уринарниот систем.
Во секој случај, докторкторите нагласуват дека е важно младите девојки на таа возраст да почнат да стекнуваат основни знаења за нивното репродуктивно здравје.
Дајте му на детето точни информации. Од начинот на кој може да дојде до бременост, до сите начини на кои човекот може да се заштити од несакана бременост.
Споделете информации за сите сексуално преносливи болести кои постојат и колку е важно да разбереме како е корисно да го заштитиме нашето тело и нашето здравје.
Разговарајте со вашето дете за тоа што значи љубов, како таа се покажува и практикува и дека физичкиот контакт е еден од начините за природно изразување на љубовта.
Исто така, направете јасна разлика помеѓу намерна согласност за физички контакт и каква било принуда од општеството или едно лице.
Научете го вашето дете на разликата помеѓу: сочувство, љубов и наклонетост и поставете јасен и цврст став дека безбедноста е на прво место!
Абортусот кај малолетниците може да доведе до физички компликации. Раните компликации се продолжено крварење, инфекции, физичко оштетување на матката, мочниот меур, цревата при интервенцијата, потребата од повторна интервенција. Доцните компликации се последиците од оштетувањата и инфекциите, влијанието врз репродуктивното здравје во смисла на стерилитет, како и психолошките последици“.
Затоа најважно е да се едуцираат младите за физиологијата на репродуктивното здравје и контрацепција, сексуално преносливите болести и превенцијата.
„Само по континуирана едукација можеме да очекуваме идните генерации да го слушаат нивното тело и да се грижат за нивното здравје, па така поразителната статистика кај нас ќе почне да се менува, на пример, бројот на несакани бремености и абортуси, бројот на раѓања на малолетници, висока ХПВ инфекција“, висока стапка на рак на дојка и грлото на матката