Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (19 март), од 19 часот и 30 минути до 22 часот, по претходно извршен претрес во угостителски објект и плац за стари возила, во рамките на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица “Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово, ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.
При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Приведените се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.