Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од 1.362 направени тестови, регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 845 и починале девет лица.
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се845 оздравени пациенти, 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште 3 починати лица на возраст од 68 до 93 год.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.