Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 473 случаи на Ковид -19 од направени 3.146 тестирања. Од вкупниот број нови случаи, 74 се реинфекции. Починати се вкупно 13 лица од кои шест во изминатото деноноќие. Кај 11 од починатите се регистрирани коморбидитети.Според податоците објавени од Министерството за здравство, најголем број нови случаи има во Скопје – 255 по што следуваат Битола со 31 нов случај, Куманово со 25…..
Министерството за здравство регистрира и 775 оздравени пациенти.Од почетокот на пандемијата, во земјава направени се 1.886.706 тестирања. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани изнесува 296.703. Оздравени се 283.411, а починати 8.994. Бројот на активни случаи изнесува 4.298.