Воопшто не се каам за зголемувањето на минималната плата, пред 4 години беа потребни 4,5 плати за една потрошувачка синдикална кошница а сега се потребни 2, рече премиерот Димитар Ковачевски за Канал 5, и додаде дека владата сите одлуки ги носи преку социјален дијалог и така ќе продолжи и понатаму.

„Пред четири години беа потребни 4,5 плати за една потрошувачка синдикална кошничка, сега се потребни 2. Околу 85% од минималната плата се исплаќа во приватниот сектор. Затоа кога разговаравме и со СОНК и со ССМ разговараме за 3 работи, првата работа е зголемување на платите, втората работа е методологија за зголемување на платите во која што методологија ќе треба да биде вклучен и перформансот на вработените, зголемување на ефикасноста и зголемување на нивната продуктивност.“ рече премиерот Ковачевски.

Премиерот беше гостин во емисијата само интервју и гордо зборуваше за порастот на минималните плати и како тоа ѓи зголемиле, како да даваат пари од нивниот џеб а не пари кои граѓаните поштено си ги заработуваат.

Тој се пофали како сега куповната моќ на граѓаните сега е поголема за дупло од пред четири години. Изгледа дека Ковачевски одамна не бил да пазарува, или ги помешал минималните плати со оние на пратениците.

By Author