Денеска е 21 ден од војната во Украина. Рано утрово во повеќе градови се огласија сирени за воздушна опасност, додека во Киев е на сила 35-часовен полициски час, кој почна синоќа во 20 часот. За денеска е најавено продолжување на преговорите меѓу двете страни.

Институтот за проучување на војната направи кратка анализа на битките што моментално се водат во Украина. Овој институт се базираше на извештаите на новинските агенции за да направи проценка на линијата на фронтот.

Неколку градови се постојана цел на руското гранатирање и на акциите на руските војници. Некои градови се опколени, додека руските трупи полека напредуваат.

Киев: Додека руските сили извршија напади врз Ирпин и Гута-Межихиркс во понеделникот и вторникот, тие не презедоа никакви пошироки акции против градот во последните 24 часа.

Мариупол: Русија продолжува да го напаѓа градот од исток и од запад.

Харков: Руските сили се борат со недостаток на муниција во обид да го опколат овој североисточен град.

Регион Керсон: Русија во вторникот тврдеше дека ја презела контролата врз овој регион, но тие не напредуваа кон Запорожје или Николаев.

Одеса: Русија сè уште не е подготвена да започне операција на море против пристанишниот град на југ, бидејќи тие немаат распоредено војници на копно.

By Author