Славиме уште еден роденден од уште еден не решен случај.
03.10.1995година е уште еден датум кој Македонија ќе го памети и секоја година одново ќе се запрашува кој и зошто сакаше да го убие тогашниот татко на државата Киро Глигоров, кој и зошто ја буткаше државата кон дестабилизација.
Како се случил атентатот?
Кобното утро и покрај можноста за повеќе траси, од кој едната е Вила Водно, Црниче, задна капија МВР и крајна дестинација Собрание, а другата Вила Водно, ул.Водњанска (денес Мајка Тереза) од каде имало три опции од каде ќе се оди, за разлика од денеска кога при поминување на претседател или премиер имаме обезбедување од прв степен, односно има регулација од полициски службрник и се стопира целиот сообраќај за да може да помине возилото во тој период претседателското возило се движело према семафорите и движело во правец каде што е зелено, кобното утро семафорите посакале на раскрсницата ул.Водњанска со ул.Железничка семафорот да биде зелено за право на следните семафори ул. Климент Охридски со ул. М.Х. Јасмин семафорот е зелено за десно по што автомобилот на претседателот кај хотел Бристол врти лево по ул.Македонија и наидува на автомоблот бомба Цитроен Ами кој тенденциозно бил одбран поради неговата шасија која не била лијена.
Која била причината поради која претседателот не загинал?
Акцијата започнала во 8часот и 15минути кога обезбедувањето се спремало да оди по претседателот, а непознат маж ѓи следел од спротивната страна, по што обезбедувањето било следено од повеќе возила, на што процениле дека е случајност. Околу 9часот и 30минути тогашниот претседател тргнал кон својот кабинет, при што атентаторите на повеќе локации имале поставено свои луѓе кој ги известуваат за движењето на возилото, клучно било известувањето кога возилот завртело по М.Х. Јасмин, при што откако била примена информацијата од организаторите веднаш било издадено наредба да тргне возилото кое требало да го успори движењето на претседателот. Возилото успеало да влезе пред претседателското возило, но измеѓу нив успеало да влезе уште едно возило, при што целата колона успорила. На лице место загинал возачот на претседателот Александар Спировски и цивилното лице Ристо Ристоманов. Претседателот е спасен благодарение токму на возачот Спировски кои возел поспорп од предвиденото на атентаторите поради што главниот бран од шрапнелите поминал пред возилот, а претседателот бил тешко ранет.
Што се промени од тој Октомври до денес?
Со неговата смрт Глигоров си ја однесе и тајната со себе кој му беа нрпријатели, но и земјата за која ќе загинеше ја остави во не многу поразлична состојба, проблемот со името се реши, но се отвори нов со историјата, не призната црква од Србија, која во “безизлезна” ситуација влезе под капа на Бугарската, кревка економија која сеуште пред вратите на е ЕУ се надева дека ќе ги зацврсти кристалните ножиња, а политиката и онака нестабила, сега уште покревка.
Можеби не успеле да го ликвидураат него Киро Глигоров, но успеале да ја ликвидираат македонската држава од понатамошна интеграција, која и понатаму чека пред вратитр на ЕУ со широко раширени раце.