Инцидент за време на почит кон Елизабета: Човек трча до ковчегот на кралицата и го допира, луѓето врескаат
Инцидентот се случи неколку часа откако кралот Чарлс и неговото семејство одржаа бдение во чест на кралицата
Полицијата уапси маж кој се обиде да го зграби ковчегот на кралицата Елизабета Втора, во инцидент што ги запрепасти ожалостените.
Полицајците успеале да го совладаат мажот и да го соборат на земја, а овој немил настан се случил синоќа околу 22 часот во Вестминстерската палата.
Се верува дека мажот се протуркал низ редот на ожалостени, меѓу кои имало и седумгодишно девојче, се упатил кон ковчегот, а се сомневаат дека успеал да ги стави рацете врз него, пишува Дејли Меил.
Инцидентот се случи неколку часа откако кралот Чарлс и неговото семејство одржаа бдение во чест на кралицата.
Еден од сведоците рече дека ожалостените врескале кога го виделе човекот како трча кон ковчегот.
Откако беше уапсен, луѓето кои чекаа во ред со часови продолжија да се движат за да и оддадат последна почит на кралицата.
Полицијата потврди дека синоќа е приведен маж поради сомнение дека го нарушил јавниот ред и мир.