Денес во собранието се гласаше за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски но само со 11 гласа За и 60 против не помина во собрание.

Имено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата откако дојде до судир помеѓу претседателот на собранието Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Причината како што наведоа од ВМРО е бидејќи спикерот не им дозволил да говорат а Џафери пак објасни дека не присуствувале на кординација и навремено не се пријавиле за забор.Поради ова пратениците на ДПМНЕ ја напуштија салата и најавија дека ќе бараат интерпелација и за Џафери.Тој пак се изјасни дека не работи по ничиј кеиф и дека ја чека интерпелацијата.

By Author