Индијката Палвиндер Каур го тужеше принцот хари бидејќи како што рече и ветил дека ќе ја ожени, а не го направил тоа.

Како што тврди Палвиндер од индискиот град Чандигар, принцот Хари требало да биде нејзин сопруг.

Индијката решила без адвокат да замине на суд и како доказ ја приложила нивната наводна преписка по пат на меил.

Пред судот изјавила и дека испратила порака и до таткото на Хари, поточно на принцот Чарлс, во пораката Палвиндер го известила за идната венчавка.

Таа покренала правна постапка и од судот побарала да го уапсат принцот Хари.

Очекувано судот не поверувал на оваа приказна.

„Постои голема можност таканаречениот принц Хари да седи во кибер-кафе во селото Пенџаб“, се наведува во образложението на судот, секако со доза на сарказам.

Како што навел судот и самиот доказ бил прилично нецелосен, со граматички грешки и нејасен, а делови од комуникацијата се избришани.

Воедно лажните профили на социјалните мрежи се стари колку што се стари и самите социјални мрежи, а чести се и љубовните измами.

Очекувано судот не нашол основа за решавање на овој случај и единствено покажал сочуство кон наводно оштетената индијка.

By Admin